а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

квалификува

квалификуваат; квалификувам; квалификувала
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 10918
1. Оцени, оценува качества, вредности, својства на некого или на нешто.
Англиски: qualify Албански: kualifikoj
Примери:
Тој обид го квалификуваа како бунтовнички стремеж за слобода.
2. Определи, определува, стави, става во определена група, категорија според некои обележја, својства или квалитет.
Англиски: determine Албански: përcaktoj
Примери:
Неговите дела беа квалификувани како плагијат.
3. Оспособи, оспособува некого за нешто; даде, дава стручно знаење потребно за вршење некоја работа.
Англиски: educate Албански: edukoj
Примери:
Училиштето секоја година квалификува ученици за различни занимања.
4. (се квалификува) Стекне, стекнува потребна квалификација за нешто.
Англиски: educate Албански: edukoj
Примери:
Тој се квалификува за ѕидар.
5. (се квалификува) Во спортот - обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување.
Англиски: qualify Албански: kualifikoj
Употреба: Спорт
Примери:
Нашата женска репрезентација во ракомет се квалификува за светското првенство.
Изведенки
квалификување ср.
глаг. им.